Студиска посета во регионот Долна Нормандија
Во периодот од 8ми до 11ти декември 2010 година, државна делегација од Македонија го посети регионот Долна Нормандија. Делегацијата беше составена од г-н Павле Саздов , Државен секретар во Министерство за информатичко општество, г-н Александар Угриноски од Агенцијата за државни службеници, г-н Бардил Јашари, Директор на Фондацијата Метаморфозис и г-ца Елена Игнатова, проектен координатор во Фондација Метаморфозис. Целта на посетата е средба со чинителите во Долна Нормандија од областа на е-учење и во областа на обуката на службениците на локалната самоуправа, испитување на остварливоста на проект за обука на македонските службеници преку модалитетот е-учење и размена на македонското искуство во спроведување на дигиталните технологии во локалната власт.
Во рамките на посетата беа остварени неколку средби, меѓу кои: средба со компанијата Ingénium што се занимава со развој на решенија за е-учење на регионално ниво, официјален пречек на македонската делегација во Регионалниот совет на Долна Нормандија со присуство на г-ѓа Корин Фере , средба со локалните чинители : EPN (Јавен дигитален простор), службениците на локалната самоуправа општината во врска со искуството во воспоставувањето на курсеви теле-обука за општинскиот персонал во Монтањ-о-Перш и други. Покрај средбите со официјални претставници на локалната самоуправа, делегацијата присуствуваше на семинарот на EPN во Сен Ло, каде г. Павле Саздов и г. Бардил Јашари имаа презентации за активностите на двете институции во областите на дигиталните технологии и локалната самоуправа.
Macedonian
08.12.2010