Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Продолжува соработката меѓу Министерството за локална самоуправа на Македонија и Регионалниот совет на Долна Нормандија

Printer-friendly versionSend to friend
Француската делегација од Регионот Долна Нормандија, предводена од Заменик Претседателот на Регионот Долна Нормандија, г-ѓа Ани Ан, одговорна за меѓународна соработка, ја посети Македонија од 24 до 27 јуни 2013 година. Целта на оваа работна посета е да се направи преглед на билатералната децентрализирана соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија. Програмата за децентрализирана соработка меѓу овие две територии започна во 2006 година.
 
Делегацијата имаше можност да реализира неколку работни средби со институционалните партнери од Македонија, меѓу кои и Министерството за локална самоуправа. На 25 јуни 2013 година, г. Тахир Хани, министер за локална самоуправа, заедно со своите колеги за меѓународна соработка, ја пречека делегацијата во просториите на Министерството за локална самоуправа. Тој го изрази своето задоволство од досегашната соработка, со желби за понатамошна заедничка работа. На состанокот, претставниците на двете територии, ги разгледаа важните точки поврзани со децентрализацијата, институционалната соработка, регионалниот развој и европската интеграција. Министерот истакна дека размената на искуства и практики е многу важна алатка за успешна соработка, која може да им послужи и на двете територии за севкупен развој. Г-ѓата Ани Ан, во свое лично име и во име на претседателот на Регионот Долна Нормандија, ја истакна важноста на соработката со Македонија, која и за двете страни ќе влијае на зајакнувањето на доброто локално владеење, но и кон развивање на капацитетите на локалното население и поттикнување на учеството на граѓаните.
Macedonian
01.07.2013

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“