Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Соработката на градови во рамките на децентрализираната соработка меѓу Македонија и Долна Нормандија ги зајакнува меѓународните пријателства меѓу граѓаните и локалните власти

Printer-friendly versionSend to friend
Висока делегација од Регионот Долна Нормандија (Франција), предводена од Заменик Претседателот на Регионот Долна Нормандија, г-ѓа Ани Ан, одговорна за меѓународна соработка, ја посети Македонија од 24 до 27 јуни 2013 година. Целта на оваа работна посета е да се направи преглед на билатералната децентрализирана соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија, која веќе шест години успешно се одвива меѓу двете територии.
 
Делегацијата имаше можност да реализира неколку работни средби со институциите во Македонија, кои на директен или индиректен начин се дел од децентрализираната соработка. На 26 јуни 2013 година, г. Коце Трајановски, претседател на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје, ја пречека делегацијата во просториите на ЗЕЛС. На средбата се зборуваше за 7-те активни збратимувања на општини од Македонија и Долна Нормандија, кои континуирано се одвиваат во рамките на децентрализираната соработка од 2006 година до денес. Г. Трајановски и г-ѓата Ани Ан, го изразија своето задоволство од реализираните активности на градовите, кои самостојно функционираат и играат клучна улога во развојот на своите општини на меѓународно и локално ниво. Нивните тематски вмрежувања продолжуваат и во третата етапа на соработката од 2013 до 2016 година, со цел да ги зацврснат постоечките врски меѓу граѓаните, но и да поттикнат нови меѓународни соработки меѓу локалните самоуправи од двете територии.
Macedonian
01.07.2013

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“