Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Обука на француски јазик за планинарски водичи од Република Македонија

Printer-friendly versionSend to friend
АЛДА во рамките на програмата за мултилатерална децентрализирана соработка „Франција-Балкан“ организираше семинар за туризмот во Тетово, во мај 2012 година. За време на семинарот, учесниците и експертите за туризам ја идентификуваа пречката за развојот на планинскиот туризам, но и за туризмот во целина поради фактот што туристичките водичи не познаваат странски јазици.
Како резултат на тоа, Амбасадата на Франција во Скопје одлучи да финансира обука на француски јазик за пет македонски водичи.
Формуларот за пријавување треба да биде испратен пред 30 септември 2012 година. Точната адреса на којашто треба да се испратат формуларите ќе биде објавена на почеток на септември.
Селекцијата на кандидатите ќе се одвива во периодот од 1 до 15 октомври. 
За повеќе информации контактирајте ја Марин Енри на marine.henry@aldaintranet.org
Macedonian
21.08.2012

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“