Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Македонските партнери на соработката се сретнаа во Скопје

Printer-friendly versionSend to friend
Text text
На 16 февруари 2012 година, македонските партнери имаа можност да ги претстават своите активности предвидени во програмата на активности 2011-2012 на децентрализираната соработка меѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија.
Во просториите на ЦИРа, партнер во оската туризам во рамките на соработката, учесниците дискутираа за претстојните настани и ги дефинираа предизвиците и проблемите во тековната петта година на соработката. Претставниците од сите оски имаа можност да разговараат и за регионалниот и локалниот развој, европските фондови, но и за човековите права. Човековите права сè повеќе се присутни во соработката, особено во оската на дигитални технологии.
 
Благодарение на г. Гале, аташе за регионална соработка при Амбасадата на Франција во Македонија, учесниците имаа можност да се запознаат одблиску со работата на амбасадата и билатералните договори, склучени неодамна помеѓу двете земји.
 
За повеќе информации во врска со предвидените активности, можете да ја разгледате Програмата на активности 2011-2012 и информаторот на соработката.

 

Macedonian
16.02.2012

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“