Средишен управен одбор во Прилеп – Зајакнување на соработката меѓу Долна Нормандија и Македонија
Во рамките на децентрализираната соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија, на 21 април 2011 во просториите на СЕГА, во Прилеп, се одржа средишниот управен одбор на четвртата година на соработката. На управниот одбор учествуваа македонските партнери од сите шест оски кои се сретнаа со шефот на мисијата на децентрализираната соработка од Регионалниот совет на Долна Нормандија и со координаторот на програмата за соработка. На состанокот учествуваше и претставник од француската амбасада.
По претставувањето на новитетите во соработката, учесниците разговараа за реализираните активности од изминатото полугодие, како и за планираните активности до крајот на оваа година. Во дискусиите беа опфатени и мерките за поддршка предвидени за овие три години.
Учесниците исто така зборуваа за мисијата за туризам планирана за јули 2011. Целта на оваа посета ќе биде Македонија да се претстави како идна туристичка дестинација пред француските тур оператори кои на лето ќе го посетат градот Охрид.
Посебен акцент беше ставен на комуникацијата на програмата на соработка за која е координацијата на проектот во Скопје, во соработка со сите партнери. Нивните идеи и сугестии ќе бидат вклучени во новата веб страница која е во изработка.
Анализирајќи ги новите можности, предлози и мерки за поддршка, од овој средишен управен одбор произлегоа интересни и иновативни предлози кои ќе ја зајакнат децентрализираната соработка меѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија. Овие резултати претставуваат поддршка и подготовка за француските партнери и актери, кои ќе се сретнат во мај.
Macedonian
21.04.2011