Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Средба на партнерите од Долна Нормандија во Каен

Printer-friendly versionSend to friend
На 25 јануари 2012 година, во просториите на Регионалниот совет во Каен, се одржа средба на партнерите од Долна Нормандија во рамките на децентрализираната соработка меѓу овој француски регион и Република Македонија.
Целта на средбата беа редовните активности на шесте оски предвидени за 2012 година, но и човековите права и збратимувања на градови.
Најдинамичен период за соработката ќе биде пролетта, исполнета со голем број настани и во Долна Нормандија и во Македонија. Средбата со македонските партнери ќе се одржи во февруари во Скопје.
 
За подетални информации во врска со предвидените активности можете да ја преземете Програмата на активности 2011-2012 и последниот Билтен на соработката.

 

Macedonian
25.01.2012

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“