Семинар на тема „Туризам и активности на отворено на Балканот“ во Тетово
Во рамките на проектот за соработка Франција-Балкан, Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА) и Француската област Виши-Оверњ го организираат дводневниот семинар на тема „Туризам и активности на отворено во Балканот“ во Тетово на 10 и 11 мај 2012 година.
Поаѓајќи од идејата дека Балканот има можност да стане туристичка дестинација препознатлива по туристички активности на отворено кои се во постојан подем, овој настан има за цел да даде максимумот на елементи неопходни за нивниот развојот. Настанот преставува можност за размена на конкретните активности веќе реализирани на Балканот за подобрување на туристичката понуда за балканските и меѓународните туристи.
Macedonian
05.05.2012