Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Институционален развој

Printer-friendly versionSend to friend

Институционална соработка 

Програмата за децентрализирана соработка меѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија, започна во 2006 година, со основна цел да придонесе за развивањето на меѓународната соработка на двете територии. Се работи за единствена соработка каде еден француски регион соработува со држава, односно со Република Македонија.
 

Добро локално владеење

Зајакнувањето на локалната власт во двете територии е јадрото на овој проект. Покрај тоа што доброто локално владеење е централно во активностите спроведувани во шесте оски од страна на здруженија на граѓани, зајакнувањето на локалната власт во овој проект исто така се реализира преку низа трансверзални активности за локален и регионален развој:
 
- Поддршка на процесот на децентрализација во Македонија;
- Вклучување на градоначалници и општински советници на локално и регионално ниво во меѓународни соработки;
- Зајакнување на капацитетите на државните службеници на локално ниво од двете територии
 

Рамномерен регионален развој

Рамномерниот регионален развој претставува предизвик и за двете земји: за Франција преку територијалната реформа и за Македонија преку Стратегијата за рамномерен регионален развој.
 

 

Macedonian

Новости од Регионален развој

Вести од соработката | Координација
05.05.2014
На 4ти мај 2014, во Скопје, Баруф Оркестар го наполни скопскиот ноќен бар Менада. Несекојдневната изведба на традиционалната музика од Балканот ја дигна на нозе целата публика. Така, француските музичари му кажаа довидување на Скопје, каде престојуваа неколку дена. Музичарите од  францускиот регион Долна Нормандија, придружувани од своите македонски колеги, денес ја продолжуваат македонската музичка авантура кон Охрид, Битола и Могила.
 
>>>
Вести од соработката | Координација
28.04.2014
Баруф Оркестар е невообичаена група со оригинална визија. Оваа група на музичари иако доаѓа од Каен, од францускиот регион Долна Нормандија, се вбројува во музичката традиција од Централна и Источна Европа. Нивна цел е да придонесат во зачувувањето на традиционалното музичко наследство кое потекнува од Балканот преку исполнување и ширење на таа народна музика во Долна Нормандија. Нивната работа опфаќа голем број на размени и настапи во соработка со други музичари и музички структури од балканските земји.
 
>>>

Pages

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“