Придобивките од наставата за наставници
Обуката за наставници организирана од страна на фондацијата Метаморфозис и Меѓународниот институт за човекови права и мир, која се одржа во Каен од 17 до 19 јуни, обедини наставници и експерти од двете територии кои работат со млади на тема слобода на говор и приватност на интернет.
Оваа средба имаше за цел да ги обучи учесниците преку кои алатки поефикасно да го доближат дигиталниот свет до младите како и да ги запознаат со последиците од користењето на интернет. За време на наставата се обработуваше еден теоретски дел кој се однесуваше на легислативата за заштита на приватниот живот, слободата на изразување и борбата против омраза на интернет. Наставата имаше и практичен дел во облик на обуки каде особено внимание беше посветено на неформалното образование.
Обуката беше исто така одлична можност да се промовира „Педагошкиот дигитален прирачник“, резултат на заедничката работа на овие два долгогодишни партнери. Прирачникот претставува алатка наменета за наставници и други лица кои работат со млади од 15 до 25 години. Целта е преку теоретски и практични совети да ги припреми младите на предизвиците кои ги очекуваат во дигиталниот свет. Оваа педагошка алатка ќе биде наскоро достапна и на интернет на македонски и француски јазик.
Macedonian
08.07.2014