Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Отворен повик за Учество на Школа за човекови права за млади

Printer-friendly versionSend to friend
Во рамки на соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија (МХК) и Институтот за човекови права и мир од Каен, Франција организираат Школа за човекови права за млади од двете држави.
 
Школата на тема „Кривични дела сторени од омраза помеѓу младите на етничка и религиозна основа во Република Македонија и Каен, Долна Нормандија“ ќе се одвива од 19ти и 25ти август.
 
На школата ќе бидат опфатени две генерални теми:
- Дела од омраза помеѓу младите по основ на етничка и религиозна припадност
- Младински активизам како алатка за превенција на дела од омраза помеѓу младите
 
Повикот е отворен за млади од Франција и Македонија на возраст од 18 до 24 години. Сите заинтересирани кандидати кои би сакале да земат учество треба да:
1. Ја симнат и пополнат прикачената апликација
2. Да приложат кратка биографија и,
3. Краток есеј за дела од омраза помеѓу младите во нивната локална средина. Есејот треба да содржи и мислење на апликантот/ката за тоа што се дела од омраза и како влијаат на младите во Р. Македонија
 
Горенаведените документи доставете ги на: jasmina.golubovska@mhc.org.mk
Комитетот ги охрабрува сите млади без разлика на нивната етничка и религиозна припадност да се пријават на оваа школа со цел да се дружат, учат и запознаат со млади од Франција со цел заедно да допринесеме за намалување на делата од омраза помеѓу младите во двете општества. Јазици на кои ќе се одвива школата се: англиски, француски, македонски и албански јазик.
 
За формуларот за аплицирање и за дополнителни информации кликнете тука.
Macedonian
14.07.2014

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“