Обука: Граѓанско учество и можности за финансирање за поддршка на партиципативни иницијативи
АЛДА ќе одржи интензивна обука од две сесии по пет дена на тема: „Граѓанско учество и можности за финансирање за поддршка на партиципативни иницијативи“ во Стразбур.
Сесија 5: 14-18/01/2013
Сесија 6: 11-15/03/2013
За оваа обука може да аплицираат државјани од сите земји членки на Европската унија и од Исланд, Норвешка, Швајцарија, Турција, Хрватска и Македонија.
Целта на обуката е да се продлабочи знаењето за концептот на активно граѓанство и учество во европски контекст, да се охрабрат учесниците да учествуваат во социјалниот и политичкиот живот во нивните заедници со поголема заложба и на ефикасен начин. Од учесниците се очекува преку разни активности да научат како да развијат успешен проект во рамките на програмата „Европа за граѓаните“ и на други извори за финансирање на граѓанските иницијативи.
На учесниците им се препорачува да аплицираат за Грундтвиг грант којшто би им ги покрил трошоците за патување, за сместување и за обуката. Во Македонија Грундтвиг грантовите ги доделува Националната агенција за европски образовни програми и мобилност: http://www.na.org.mk/. Рокот за аплицирање за обуката е 17 септември 2012 година.
За повеќе информации контактирајте го г. Алфонсо Алиберти, проектен менаџер на АЛДА на alfonso.aliberti@aldaintranet.org или посетете го сајтот на АЛДА нa alda-europe.eu
Macedonian
26.07.2012