Настан „Децентрализирана соработка Франција - Балканот“ во Тирана (24-25 октомври 2013)
На 24 и 25 октомври во Тирана ќе се одржи конференцијата „Децентрализирана соработка Франција - Балканот“. На средбата ќе присуствуваат претставници од локални и регионални власти од Франција и нивните колеги од Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, црна Гора и Србија, како дел од динамиката за регионална интеграција. Настанот е организиран од Француската амбасада во Албанија, Делегацијата за надворешни прашања на локалните единици на министерството за надворешни работи и француската асоцијација на Советот на европски општини и региони.
Настанот е замислен како форум на размени меѓу чинителите од разните децентрализирани соработки, со што ќе им се овозможи на учесниците за дискутираат за додадената вредност на децентрализираните соработки во насока на европската интеграција. На средбата ќе се бидат претставени искуства од повеќе области како урбанизам и одржливи градови, локална демократија, животна средина и културно наследство како фактор за локален развој, организација на јавни услуги и улогата на локалните единици во економскиот развој. Се работи за втора средба од ваков вид, првата беше организирана во Софија во 2008 година и резултираше со создавање на мрежа на локални власти од Франција кои соработуваат со Балканот.
Децентрализираната соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија е дел од таа мрежа и претставници од оваа соработка ќе земат учество на оваа конференција. Како една од најзначајните децентрализирирани соработки на регионални власти од Франција, оваа програмата за соработка соодветно ќе биде биде претставена на конференцијата преку презентации на партнерите од проектот.
За повеќе информации за настанот можете да се обратите до организаторот: француската асоцијација на Советот на европски општини и региони. Повеќе информации на: http://www.afccre.org/fr/actualites/ii%C3%A8mes-assises-de-la-coop%C3%A9ration-d%C3%A9centralis%C3%A9e-france-balkans