Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Настава за наставниците на тема слобода на говор и приватност на интернет

Printer-friendly versionSend to friend
Во текот на оваа недела, тимовите на Фондацијата Метаморфозис од Скопје и Меѓународниот институт за човекови права и Мир од Каен ќе се сретнат во Долна Нормандија. Нивната професионална средба има за цел да ги обучи оние кои обучуваат. Се работи за предавања наменети за наставниците и обучувачите преку кои ќе се истражат и анализираат моделите и методите на едукација, со цел да се истакне важноста на слободата на говор кај младите.
 
Во периодот од 17 до 20 јуни 2014 година, голем број на обучувачи, експерти и наставници од Македонија (меѓу нив најмногу наставници кои работат во основните и средните училишта) ќе имаат можност да ги споделат своите искуства и идеи со своите француски колеги. Трите работни дена се поделени тематски на: слобода на изразување, говор на омраза и заштита на приватноста на интернет. Обучените наставници потоа ќе работат на креирање и зголемување на мрежата во своите земји, ќе ги обучуваат своите колеги и ќе организираат настани за подигање на нивото на свест кај луѓето, особено наменети за учениците, но и за широката јавност.
 
Овие активности се дел од заедничкиот проект меѓу Метаморфозис и Меѓународниот институт за човекови права, во рамките на повикот на проекти за 2014 година. Реализацијата на овој проект е резултат на долгогодишната соработка помеѓу овие две организации. Нивната заедничка работа на темите од областа на дигиталните технологии, комуникацијата и заштитата на човековите права продолжува и понатаму.
Macedonian
15.06.2014

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“