Млади и волонтерство
Во рамките на оската „Млади“ од проектот за децентрализирана соработка меѓу регионот Долна Нормандија и Македонија, на 25 и 26 април македонска делегација составена од Зоран Илиески, извршен директор на коалицијата на младински организации СЕГА, Исен Асани, градоначалник на општина Теарце и Даниела Адамова, раководител на секторот за образование во град Скопје, беше во студиска посета на Долна Нормандија.
За време на посетата македонските претставници имаа можност да разменат искуства со општинските работници и советници на тема вработување на младите, младински локални политики и граѓанско волонтерство.
Особен интерес беше покажан за граѓанското волонтерство, како начин за вклучување на младите во професионалниот живот. Граѓанското волонтерство беше прикажан преку сведоштва на неколку млади кои го искусиле овој начин на вклучување во активното граѓанско општество.
За време на средбите исто така стана збор и за европската програма Европски волонтерски сервис. Дел од оваа програма е младата Катерина Котеска од Прилеп која само што го започна својот волонтерски стаж во Европска куќа од Каен, Долна Нормандија. Таа работи на програмата за децентрализирана соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија. Оваа алатка на Европската унија претставува еден начин за јакнење и развивање на капацитетите на младите луѓе, отворајќи можности за полесно влегување во професионалниот свет.
Фотографија : Ouest France
Повеќе информации на француски : Des Macédoniens ont été reçus à la Maison du citoyen - Hérouville-Saint-Clair
Macedonian
26.04.2012