Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Изложба – Баруф Оркестар ја прикажува традиционалната македонска музика

Printer-friendly versionSend to friend
Групата музичари од Долна Нормандија, Баруф оркестар, која се препознава во музичката традиција на Балканот, реши да ја промовира традиционалната македонска музика во Долна Нормандија на оригинален начин. Овој месец, Баруф Оркестарот ќе се претстави пред својата домашна публика во Франција преку изложба на текстови, фотографии и краток филм кои низ зборови, музика и слики ја прикажуваат нивната музичка авантура во Македонија.
 
Изложбата ќе се одржи во Конзерваториумот на Каен од 12 јуни до 4 јули. За Баруф Оркестарот тоа ќе биде одлична можност да ги отслика музичките изведби во Македонија преку мултимедијална изложба, како и да ја претстави Македонија во Долна Нормандија. Во април и мај годинава, групата ги посети македонските градови Скопје, Битола, Охрид и Могила. Со репертоар збогатен со македонски звуци, музичарите ја продолжија нивната турнеја во Долна Нормандија. Преку мултимедијалната изложба “Баруф Оркестар ја открива традиционалната музика на Македонија“, тие решија да го завршат своето единствено искуство промовирајќи ги предностите на оваа меѓукултурна музичка размена.
 
Проектот на Баруф Оркестар за музички размени и ширење на музичкото културно наследство на Централна и Источна Европа во рамки на децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија се одвива со поддршката и ангажманот на партнери од двете територии: Францускиот Институт од Париз, Конзерваториумот од Каен, организацијата Балкан-Транзит, Европската куќа од Каен - Долна Нормандија, дувачкиот оркестар Блезери под покровителство на Аларм од Скопје, организацијата Локомотива, општина Могила, Младинскиот Културен Центар од Битола и Младинскиот Совет од Охрид.   За да ги следите активностите на Баруф Оркестар посетете ја нивната фејсбук страница  - https://www.facebook.com/LeBaroufOrkestar.
Macedonian
13.06.2014

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“