Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Збратимување на градови

Printer-friendly versionSend to friend

Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија силно ги поддржува сите директни соработки помеѓу општини од двете територии со цел да ја промовира локалната демократија преку секаков вид размени. 

Во рамките на оваа програма се создадоа седум соработки: 
1. Охрид (МК) – Каен (ФР)
2. Струга (MK) – Вистрам (ФР)
3. Вевчани (МК) – Ерманвил-сур-мер (ФР)
4. Дебар (МК) – Иф (ФР) 
5. Берово (МК) – Ливаро (ФР)
6. Велес (МК) – Шербур-Октевил (ФР)  
7. Карпош (МК) - Флери-сур-Орн (ФР)
 
 
Темите на соработка помеѓу збратимените градови се разноврсни: млади, култура, културно наследство, одржлив туризам, земјоделство, животна средина итн. Иако овие партнерства се должат на динамичната соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија, локалните власти од двете територии се независни во нивните активности и самите ги градат акционите планови за соработка. 
За повеќе информации околу локалните власти во Долна Нормандија и Македонија консултирајте ги Децентрализација во Франција и Децентрализација во Македонија
 
Организацијата „Солидарни Хоризонти“ и Канцеларијата на соработката во Скопје имаат задача внимателно да ги следат односно координираат овие соработки, како и да придонесуваат за создавање на нови контакти и партнерства. Во Франција и во Македонија се формирани работни групи на градови кои учествуваат во соработката. Целта е да се овозможи место за дебата и размена на добри искуства и практики, што би допринело за развој и збогатување на оваа меѓународна соработка на општините кои се дел од соработката.
 
За повеќе информации симнете ја: Повелбата на локалните власти од Долна Нормандија кои соработуваат со Македонија.
 
Збратимувањата на општини од Долна Нормандија и Македонија овозможуваат размени помеѓу жители од двете земји, размени кои придонесуваат за подобро заедничко запознавање и разбирање. Овие елементи се неопходни за промоција на европското граѓанство. 
 
За повеќе информации консултирајте ги следниве страни: 

 

Macedonian

Најнови вести од збратимување на градови

Вести од соработката | Збратимување на градови
25.11.2013
Четири девојчиња и четири момчиња од 16 до 20 години со полесна интелектуална попреченост, кои доаѓаат од Франција, деновиве снимаа визуелна репортажа за општината Kарпош и цела седмица беа нејзини гости, а го посетија и Охрид. Децата, кои допатуваа од општината Флери-сур-Орн во Долна Нормандија, заедно со петмина едукатори од Медицинскиот образовен институтот „Андре Бодеро“ и со заменик-градоначалничката Жаклин Бори, првпат ја посетија Македонија, а дома си заминаа полни со впечатоци.
>>>
Вести од соработката | Збратимување на градови
02.12.2013
Охрид и градот Каен од француската област Долна Нормандија заеднички ќе аплицираат за проекти што се финансираат со средства за таа намена обезбедени од фондовите на Европската унија.

Тоа е договорено на средбата на делегацијата на општина Охрид предводена од секретарот Димитар Спасески што се наоѓа во официјална посета на Каен.
>>>

Pages

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“