Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Започнаа истражувањата на Локомотива за иницијативата „Женски приказни“

Printer-friendly versionSend to friend
Истражувањата за проектот „Музеј на женски приказни“ започнаа. Станува збор за интересна програма особено значајна во контекстот на стогодишнината од Првата светска војна и седумдесетгодишнината од Втората светска војна.
 
„Женски приказни“ се заснова на истражувања кои ќе овозможат едно ново и поинакво читање на историјата на Македонија во почетокот на дваесеттиот век на територијата со цел да се проследи процесот на политичка, економска и културна еманципација на жената. Овој период е неминовно поврзан со важни историски настани како што се Илинденското востание (1903), Младотурската Револуција (1908), Балканските војни (1912-1913), и Првата (1914-1918) и Втората светска војна (1940-1944). Истражувањата се особено насочени во Пелагонискиот регион, во градовите Битола, Прилеп и Крушево.
 
Во рамки на овој проект ќе се спроведат специфични истражувања за жените во Македонија кои се организирале во здруженија и организации, формални и неформални и имале клучна улога во политичкиот, општествениот и културниот развој. Истражувањата ќе бидат исто така посветени на жени кои биле активни во борбата против строгиот патријархален и традиционален карактер на македонското општество.
 
Проектот „Музеј на женски приказни“ го спроведува Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата во партнерство со Мешан синдикат од областа на заливот Мон Сен Мишел во Долна Нормандија и Центар за развој на Пелагонски плански регион – ЦРППР во Македонија. Проектот е поддржан во кадар на Децентрализираната соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Македонија.
Macedonian
13.08.2014

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“