На 6ти јули, седумте учесници од Македонија со голем ентузијазам и жед за знаење заминаа за Каен. Универзитетот на мирот 2014 година се отвори со неофицијална средба на која што учесниците од сите земји се запознаа и имаа можност да ги споделат своите мислења и очекувања од Универзитетот.
Од 6 до 13 јули 2014 во Каен, Долна Нормандија, ќе се одржи Универзитет на Мирот организиран од страна на Меѓународниот Институт за Човекови права и мир од Каен. На овој меѓународен настан секоја година се среќаваат педесетина млади луѓе од целиот свет кои ги споделуваат своите идеи и знаења во повеќе дисциплини поврзани со мирот и човековите права. Наставата и предавањата се одржуваат на француски јазик.
Во текот на следната недела, Институтот за Човекови права и мир од Каен, кој е дел од децентрализираната соработка меѓу Македонија и Долна Нормандија, заедно со Амбасадата на Република Франција во Македонија, за време на два работни дена ќе се фокусираат на темите слобода на медиуми и слобода на говор.
Амбасадата на Франција во Скопје и Меѓународниот институт за човекови права и мир, на 7ми ноември 2013 во Скопје, го организираа Вториот ден на француско-македонско компаративно право. По првото одржување на овој настан во февруари 2013 година, второто беше посветено на темата „административно право“. Во текот на овој ден, бројни предавачи од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитетот од Каен, како и правници од Долна Нормандија говореа за различни аспекти од оваа конкретна гранка на правото.
Во рамките на проектот за децентрализирана соработка помеѓу Македонија и Долна Нормандија, Метаморфозис и Институтот за човекови права и мир од Каен подготвија анкета на тема како и колку се користи интернетот и социјалните мрежи. Целта на оваа анкета е да се добие реална слика за перцепцијата на интернетот кај корисниците.
Фондацијата Метаморфозис заедно со Меѓународниот институт за човекови права и мир од Долна Нормандија изработија анкета со цел да се запознаат условите за користење на интернетот и социјалните мрежи.
Анкетата претставува прва етапа од овој голем проект кој има за цел создавање на педагошка книга. Првиот нацрт од книгата ќе биде објавен во септември 2013. Книгата ќе биде наменета за младите лидери на возраст од 17 до 25 години кои работат во областа за заштита на приватноста и слобода на изразување на интернет.
Во организација со Градот Каен и Универзитетот во Каен, Институтот за Човекови права и мир го одржува својот најзначаен настан во годината – Универзитет на Мирот, со почеток на 1 јули 2013 година.