Универзитет на Мирот 2013 во Каен (30 јуни – 7 јули 2013)
Во организација со Градот Каен и Универзитетот во Каен, Институтот за Човекови права и мир го одржува својот најзначаен настан во годината – Универзитет на Мирот, со почеток на 1 јули 2013 година.
По тој повод, четириесет млади луѓе од целиот свет пристигнаа во Каен (Долна Нормандија), да дискутираат на овогодинешната тема „градот, место на мир ?“. За време на летната школа, учесниците ќе разговараат за: уредувањето на градовите, локалната демократија, социјалната нееднаквост и воените градови. Нивната задача е да го живеат градот и со помош на искусните предавачи од областа на локалното владеење, судството, политиката, географијата и историјата, да размислуваат на кој начин градовите можат да станат „градови на мирот“.
Универзитетот за мир 2013, се одржува во од 30 Јуни до 7 јули.
Доколку сакате да дознаете повеќе информации за Универзитетот на Мир 2013 и да ја погледнете програмата (на француски), посетете ја интернет страницата на Институтот.
Macedonian
05.07.2013