Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Културно наследство Subscribe to RSS - Културно наследство

Macedonian

Инвентаризација на културното наследство

Соработката на Република Македонија и регионот Долна Нормандија во областа на културата овојпат резултираше со реализирање на проектот „Инвентаризација на културното наследство“ што го имплементира Асоцијацијата на градови со архитектонско наследство на Република Македонија со седиште во Велес. Денес Градоначалникот на Општина Велес Горан Петров и воедно претседател на Асоцијацијата, одржа работна средба со координаторите на проектот од Штип, Куманово, Велес и Берово каде проектот завлегува во завршната фаза.
Macedonian

Попишување на архитектонското наследство во Македонија

Во периодот од 18 до 22 јуни 2012 година, претставници на Француската национална асоцијација на градови со историја и уметност престојуваа во Република Македонија со цел да ја реализираат планираната јунска мисија од Оска 3 „Попис на културно наследство“.

Во Македонија престојуваа г-ѓа Лудивин Баску, координатор на активностите на Француската национална асоцијација и г-н Антоан Бругерол, архитект.

Macedonian

Урбанизација на културното наследство

Од 17 до 22 јуни 2012 година делегација од Француска национална асоцијација на градови со историја и уметност и градови со заштитени зони и сектори (ANVPAH&VSSP), ќе ја посети Македонија. Оваа мисија ќе се оствари како дел од децентрализираната соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Македонија и во партнерство со Асоцијацијата на градови од Македонија со архитектонско наследство. 

Macedonian

Старата архитектура можност за одржлив развој

Можноста да се зачуваат архитектонските бисери и да се стават во функција на одржливиот развој беше во фокусот на конференцијата посветена на стандардите за заштита на наследството што на 9-ти март годинава се одржа во Велес. На конференцијата, организирана од Асоцијацијата на градови од Македонија со архитектонско наследство и Француската национална асоцијација на градови со историја и уметност, Градоначалникот Горан Петров во функција на претседател на македонската асоцијација го потенцираше значењето на ова соработка.

Macedonian

Попис на културното наследство во Македонија

4-10 март 2012 | Во рамките на децентрализираната соработка меѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија, делегација од  Националната асоцијација на градови со историја и уметност и градови со заштитени зони и сектори (AANVPAH & VSSP) ќе престојува во Македонија од 4ти до 10ти март, 2012 година. Во соработка со Асоцијацијата на градови од Македонија со архитектонско наследство, француската делегација ќе работи на попис на архитектонското наследство во македонските градови Велес, Штип и Куманово.
 
Macedonian

Конкретни мерки за заштита на архитектонското наследство

Во организација на Општина Велес како седиште на Асоцијацијата на градови од Македонија со архитектонско наследство, на 29 јуни годинава, во просториите на општината се одржа Конференција посветена на архитектонското наследство.
Macedonian

Презентирана методологија за заштита на архитектонското наследство во Македонија

На 23 февруари годинава, Градоначалникот Горан Петров во функција на претседател на Асоцијацијата на градови од Македонија со архитектонско наследство оствари средба со делегација на Француската национална асоцијација на градови со историја и уметност. Оваа средба е дел од Оската 3 „Попис на културно наследство“ од проектот за децентрализирана соработка меѓу францускиот регион Долна Нормандија и Македонија.
Macedonian

Pages

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“