Попис на културното наследство во Македонија
4-10 март 2012 | Во рамките на децентрализираната соработка меѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија, делегација од Националната асоцијација на градови со историја и уметност и градови со заштитени зони и сектори (AANVPAH & VSSP) ќе престојува во Македонија од 4ти до 10ти март, 2012 година. Во соработка со Асоцијацијата на градови од Македонија со архитектонско наследство, француската делегација ќе работи на попис на архитектонското наследство во македонските градови Велес, Штип и Куманово.
Заедно со архитектите од градовите, работата на терен ќе се одвива врз досегашните документирани истражувања спроведени минатата година. За време на посетата ќе се разгледуваат и можностите за заштитата на културното наследство во Македонија, по пример на француското законодавство.
Четирите работни дена ќе завршат со конференција на тема „Стандардите во пописот на архитектонското наследство“. На конференцијата ќе бидат претставени ЕУ стандардите за заштита на архитектонското наследство, а воедно ќе биде претставена и соработката на оската за попис на културното наследството.
Macedonian
03.03.2012