Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Ликовна уметничка од Долна Нормандија на престој во Македонија

Printer-friendly versionSend to friend

Во текот на месец  октомври, Флер Елуин,  млада ликовна уметничка од Долна Нормандија, оствари едномесечен ликовен престој во Македонија.
Ова искуство ѝ беше овозможено благодарение на финансиската поддршка на Францускиот институт во Париз и регионот Долна Нормандија.
Во потрага по историско место за реализирање на визуелни и звучни работи, Флер Елуин го избра Кокино, мегалитска опсерваторија. Нејзината работа на овој локалитет се состоеше од повеќе фази: „Почетокот беше тежок. Локалитетот е многу сложен, и иако цртежот е моја јака страна, потребно беше да се вложи голем интелектуален напор за визуелно разбирање на овој куп  од камења. Се охрабрив кога сфатив дека целиот низок дел на Кокино делумно е сочинет од лискун. Вој вид на листест камен станува многу сјаен кога е изложен на сонце и добиваме впечаток дека гравираме цела планина oд пулејки. Со оглед дека во мојата работа многу користам пулејки, имав впечаток дека добив признание за оваа работа. Потоа се фокусирав на темелите на Кокино за да видам во кој момент сонцето или месечината се појавуваат во фамозните „маркери“. Во моите цртежи станува збор за преминот на светлоста во средиштето на темнината“.

Овој прв месец на престој на уметничката ѝ овозможи да оствари звучни и визуелни откритија, како и да започне со изработка на цртеж. Делата ќе бидат завршени во Франција. Во текот на 2014 се предвидува да се одржи изложба во Скопје и Долна Нормандија.

Мобилноста и културата се во срцето на активностите на Децентрализираната соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија, и затоа логистичка поддршка  беше пружена од страна на тимот на Канцеларијата во Скопје, со цел на Флер Елуин да ѝ се овозможат најдобри услови за работа. Таа воедно имаше можност да се сретне со останатите партнери во Соработката кои работат на исти прашања како и таа: Локомотива, Центар за нови културни  и уметнички иницијативи, како и Францускиот културен институт во Скопје.
На почетокот на 2014 предвидено е да се оствари уште еден престој на уметник од Долна Нормандија во Македонија. Станува збор за Алекси Дебуф кој ќе биде пречекан од  Локомотива и ќе работи во регионот на Битола.

За визуелен приказ на нејзините резултати од работата во Кокино како и за останатите нејзини дела, кликнете тука.

 

фотографија : Ana Lazarevska

Macedonian
01.11.2013

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“