Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Претставување на програмата за соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија во Тирана за време на заседанието на членовите на Соработката Франција-Балкан

Printer-friendly versionSend to friend

На 24ти и 25ти октомври 2013 година, во Тирана, Албанија, се одржа второто заседание на членовите на Децентрализираната соработка Франција-Балкан. Тоа беше организирано од страна на Амбасадата на Франција во Тирана, во соработка со Делегацијата за надворешно делување на територијалните заедници при Министерството за надворешни работи (DAECT) и Француското здружение при Советот на општини и региони на Европа. Соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија на повеќе наврати беше презентирана во текот на овие два дена. Г. Тахир Хани, министер за локална самоуправа, го презентираше процесот на децентрализација во Република Македонија; г-ѓа Ивана Димитровска, претставник на Канцеларијата за соработка помеѓу Долна Нормандија/Македонија во Скопје, ја презентираше методологијата на програмата со која се овозможи поголема вклученост на граѓаните на локално ниво.  Воедно, г. Ориано Отокан, претседател на Асоцијацијата на агенции за локална демократија, ги претстави активностите кои беа спроведени од страна на Агенциите за локална демократија на Балканот. За време на една работилница која се одржуваше истовремено, г. Гоце Аџи Митревски, експерт по архитектура во Здружението на градови со историско значење во Македонија, воедно зборуваше за културното наследство во локалната власт и локалниот развој, вршењето на попис на културното наследство и одржувањето на изложба во рамки на оската „културно наследство“ од соработката Долна Нормандија/Македонија.
Ова заседание овозможи да се утврди додадената вредност на работата на Француските територијални заедници на меѓународно ниво преку создавањето на врски со земјите од Балканот.
Бројни беа размените на искуства, а нивниот квалитет се повеќе се зголемува. Според Пјер Прибетич, прв заменик-претседател на AFCCRE, ова заседание овозможи да се „измерат очекувањата на сите партнери“. Делувањето на Француските територијални заедници воедно се потврдува благодарение на „заложбите на претседателот на Република Франција, г. Франсоа Оланд, во насока на европските интеграции на земјите од Западен Балкан“, искажани во јули 2013 во Словенија. Г-ѓа Кристин Моро, амбасадор на Франција во Тирана, го затвори заседанието изјавувајќи дека овие размени треба да бидат основа за понатамошни редовни средби.
За повеќе информации во врска со заседанието посетете ја интернет страницата на AFCCRE.

Macedonian
25.10.2013

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“