Извидници од Франција во посета на Македонија
Со своето културно и природно богатство Македонија станува позната во Франција! Поттикнати од претходните искуства од посетата на млади од Долна Нормандија во Македонија, група од триесетина млади извидници од Бордо, Франција поминаа една недела на Дебарското езеро. Восхитени од убавината на овој предел, младите извидници имаа незаборавни средби со жителите на Дебар откривајќи го нивниот секојдневниот живот.
По нивниот престој во Дебар, француските извидници учествуваа на 11-тата Смотра на Сојуз на Извидници на Македонија, која се одржа од 20 до 28 јули 2013 година во Македонија. Околу 500 извидници од цела Европа учествуваа на годишната Смотра организирана во срцето на националниот парк Галичица.
Канцеларијата за децентрализирана соработка меѓу Регионот Долна Нормандија и Македонија го помогна организирањето на престојот во Дебар на групата на млади француски извидници.