Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Соработката меѓу општини од Македонија и Долна Нормандија - позитивен пример за меѓународна општинска соработка

Printer-friendly versionSend to friend
На 20 јуни 2013 година во Скопје се одржа состанок на работната група на општините од Република Македонија кои соработуваат со општини од регионот Долна Нормандија. На средбата која беше организирана од страна на канцеларијата на соработката меѓу Долна Нормандија и Македонија во Скопје и Заедницата на единиците за локална самоуправа (ЗЕЛС)присуствуваа претставници од општините Карпош, Велес, Берово, Охрид и Дебар.
На средбата беа претставени тековните активности на програмата за децентрализирана соработка меѓу двете територии како и новата тригодишна фаза од програмата (2013-2016 година).  Исто така се дискутираше за актуелните заеднички активности на општините од Македонија и Долна Нормандија, и за можноста за спроведување на заеднички проекти. За време на дискусијата претставниците од општините изразија желба за поинтензивни средби на работната група со цел да се зајакне мрежата и да се разменат меѓусебните искуства. Бројните активности спроведувани во рамките на различните соработки претставуваат позитивен пример за меѓународна општинска соработка која овозможува да ја доближиме Македонија до европските граѓани.
 
Наредната средба на работната група е предвидена во септември 2013 година.
Macedonian
20.06.2013

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“