Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Зајакнување на институционалната оска, примарна за иднината на соработката

Printer-friendly versionSend to friend
Средишен управен одбор во Каен (11 април 2013) и во Скопје (16 април 2013) | Децентрализираната соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија влегува во својата трета фаза. Како и секоја година, француските и македонските партнери се сретнаа заедно да разговараат за одржаните активности во периодот од октомври 2012 до април 2013. Тие разговараа и за иднината на соработката во следните три години.

Средишниот управен одбор на партнерите од Долна Нормандија се одржа во Каен, на 11 април 2013 година. Француските партнери се запознаа со актуелната политичка ситуација во Македонија по локалните избори 2013. Политичките промени во Македонија за сега немаат значајно влијание врз соработката. На средишниот управен одбор на партнерите од Македонија, кој се одржа во Скопје, на 16 април 2013 година, исто така се зборуваше за локалните избори. Соработката меѓу градовите од двете територии ќе продолжи да се зајакнува и развива, а одржливиот развој и меѓународната соработка остануваат приоритет во програмите на новите градоначалници.

Реализираните и предвидените активности за оваа година се одвиваат според акциониот план. Во Каен, како и во Скопје, секој од партнерите имаше можност да зборува за своите активности, постигнати резултати и тешкотии при работата. Имплементирањето на активностите и соработката на партнерите продолжува да се одвива непречено.

Новата три-годишна програма 2013-2016 продолжува да се одвива со поддршка на локалната власт. Активностите ќе бидат структурирани со цел да ја зајакнат институционалната соработка, размените помеѓу двете територии и мобилноста на младите. Проблематиката на општините и територијалните заедници останува како една од примарните цели на соработката, со зголемено присуство од страна на локалната власт. Напредокот на соработката во иднина ќе донесе и преструктуирање на оските, со цел да се воспостави поуспешна хоризонтална соработка во која полесно ќе се интегрира територијалниот пристап.

Министерството за локална самоуправа на Македонија го потврди своето присуство во соработката со својот претставник на управниот одбор во Скопје и уште еднаш го изрази својот позитивен став кон целите на соработката. Амбасадата на Франција е исто така присутна во соработката и амбасадорката Оер ги запозна за прв пат македонските партнери во својата резиденција во Скопје. Таа ја истакна важноста на оваа соработка во регионот, која воедно ја претставува важната улога на француската политика на Балканот.

Двата одржани управни одбори кај сите учесници ја покажаа заедничката волја за зајакнување на соработката Долна Нормандија / Македонија, како и за продолжување на активностите кои ќе одговорат на потребите на граѓаните од двете територии.
Macedonian
15.04.2013

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“