Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

ФФРМ и АФДИ ја планираат идната тригодишна соработка

Printer-friendly versionSend to friend
Во рамките на децентрализираната соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија, претставници од француската организација на Француски земјоделци и меѓународен развој АФДИ од Долна Нормандија беа на посета во Македонија со цел да остварат средба со претставници на Федерацијата на фармери на Република Македонија - ФФРМ. Целта на средбата беше да се прецизираат активностите предвидени за оваа трета година од проектот како и да се превидат  активностите за идната тригодишна соработка за периодот 2013-2016 година.
 
Во досегашната соработка, ФФРМ и АФДИ спроведуваа активности за подобрување на квалитетот на млекото и кооперативно здружување, а беа организирани и две меѓународни конференции за кооперативи.
Macedonian
22.02.2013

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“