Волонтерка од Долна Нормандија во Канцеларијата на соработката во Скопје
Во рамките на проектот „Европа локално“, спроведен од Коалиција на младински организации - СЕГА и француската асоцијација СЕНОИС, волонтерка од Долна Нормандија дојде во Македонија. Таа започна со работа во Канцеларијата на соработката во Скопје и таму ќе работи до октомври 2013 година.
Волонтерката ќе пишува репортажи и написи за економските, политичките и социјалните работи во Македонија со цел француските партнери да бидат информирани за состојбата во земјата со којашто соработуваат. За време на организираните активности и посети, таа ќе ги информира партнерите на соработката за волонтерството и меѓукултурните размени.
Помеѓу целите на програмата за децентрализирана соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија се промовирање на волонтерството како можност за вклучување на младите во професионалниот живот и промовирање на активно граѓанско учество преку мобилност на лица.
Проектот „Европа локално“ е финансиран преку програмата на Европската унија „Млади во акција“ и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Проектот е резултат на партнерството меѓу Коалицијата на младински организации – СЕГА, асоцијацијата СЕНОИС, Регионалниот совет на Долна Нормандија, Европска куќа од Каен и Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА).
Macedonian
12.11.2012