Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Делегација од Областа Мон Сен Мишел ќе ја посети Македонија со цел да започне соработка

Printer-friendly versionSend to friend

Делегација од Областа Мон Сен Мишел ќе ја посети Македонија од 1 до 6 октомври 2012 година. Целта на посетата е да се најдат заеднички интереси за соработка со Македонија во областа на туризмот и културата и да се вклучат во децентрализираната соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија.

Делегацијата ќе ги посети Скопје, Битола и Струга со цел да го запознае културното наследство и туристичкиот потенцијал. За време на четирите работни дена се предвидуваат повеќе средби и состаноци. Делегацијата ќе оствари средба во Министерството за локална самоуправа, во Националната агенција за поддршка и промоција на туризмот и во Туристичката комора на Република Македонија. Делегацијата исто така ќе се сретне со претставници од Центарот за институционален развој – ЦИРа, а ќе оствари средби и со Центарот за развој на Југозападниот плански регион и со Општина Вевчани. Делегацијата придружена од Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата ќе посети и неколку културни институции во регионот во Пелагонија. Областа Мон Сен Мишел веќе подолго време соработува со Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и Локомотива во процесот на создавање на регионална културна мрежа на Пелагонија.

Macedonian
02.10.2012

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“