Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Триесет млади новинари од Франција и Балканот на патувачки семинар низ Балканот

Printer-friendly versionSend to friend

Развивање на авантуристичкиот дух, љубопитност и отвореност кон различни култури помеѓу млади луѓе талентирани за новинарство е основна идеја на турнејата низ Балканот која вклучува 30 млади новинари, блогери и фотографи од Франција, Романија, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија. Патувајќи низ различни балкански градови од 5ти до 24ти Август, тие ќе изработуваат документарен филм, репортажи, интервјуа и слики.

Патувачкиот семинар е дел од мултилатерална децентрализирана корпоративна програма Франција- Балкан со основна цел придонес кон доброто локално управување. Овој проект е раководен од областа Виши-Оверњ а координиран од страна на Асоцијацијата на агенции за локална демократија – АЛД и мрежата Агенции на локална демократија од Балканот. Проектот е финансиран од Министерството за надворешни работи на Франција.

Многу француски локални институции учествуваат во проектот, како на пример: градовите Сент Денис и Дижон, Регионалниот совет на Долна Нормандија и Европска куќа од Каен, Регионалниот  совет на Оверњ, Генералниот совет на Виши. Овој проект е поддржан од: Француска телевизија, Александар Варен Фондацијата, како и другите балкански локалните власти од Босна и Херцеговина, партнери од Србија, Црна Гора, Албанија, Македонија и Романија, но исто така и на делегацијата на Европската унија во Париз, ЕУ Генералниот директорат за проширување, Советот на Европа и УНЕСКО.

Младите новинари ќе ги следат стапките на познатиот француски репортер Алберт Лондрес (1884-1932) , кој интензивно патувал низ Балканските држави во 19ти век. Целта на проектот е поврзување на младите новинари со локалните заедници и цивилното население на територии кои во модерно време доживеале болни и крвави меѓуетнички конфликти, а денес енергично работат на нивната интеграција во Европската Унија. Овој проект за меѓукултурен дијалог води кон мир и промоција на Балканот во Европската Унија.

За време на нивното патување, овие триесет млади новинари ќе работат со професионалци од областа на новинарството и комуникациите кои ќе им помагаат во креирањето и употребата на компјутерска платформа која вклучува ВЕБ радио и ВЕБ телевизија, во креирањето на репортажи, интервјуа, артикли, фотографии и друго.

Мисијата на младите учесници е да се претстават како "амбасадори" на заедниците вклучени во проектот, создавајќи мрежа за размена помеѓу луѓето од различни земји, преку веб-сајт што беше отворена за проектот: http://www.sur-les- pas-d-Алберт-londres.fr.

Патувањето ќе започне во Србија, Суботица, каде младите ќе се состанат на 5 август. Во наредните денови се до 24 август ќе се посетат Осијек (Хрватска), Тузла, Сараево и Мостар, (Босна и Херцеговина) Никшиќ (Црна Гора), Скадар (Албанија), Скопје (Македонија), Ниш и Суботица (Србија).

4 млади новинари, блогери и фотографи од Македонија учествуваат на овој патувачки семинар. Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија и Република Македонија е дел од оваа поширока мрежа на соработка помеѓу Франција и Балканот и придонесува кон активностите.

Macedonian
06.08.2012

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“