Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Размена на искуства помеѓу ФФРМ и АФДИ за подобрување на квалитетот на млекото

Printer-friendly versionSend to friend
Во рамките на оската „земјоделски политики“, Федерацијата на фармерите на РМ организира седумдневна посета на Француската земјоделска организација АФДИ со која спроведува проект за подобрување на квалитетот на млекото од 8 до 15 август 2012 година. Во рамките на оваа посета се реализираа неколку средби со сточари и млекари низ повеќе места во Македонија (Тетово, Куманово, Битола и Струмица).
Делегацијата од АФДИ се сретна со Заменик-министерот за земјоделство, господинот Зоран Коњановски. На средбата господинот Коњановски им ја претстави земјоделската политика на Македонија како и предизвиците со кои се соочува македонското земјоделство.  Остварена средби во Агенцијата за храна и ветеринарство на Р. Македонија.
Според Андрија Секуловски, претседател на ФФРМ овој потсектор за квалитет на млекото го очекуваат голем број на предизвици како и закани со неможноста вака мали да инвестираат во сопствените фарми а особено голем број на мали фармери тоа ќе го почувствуваат доколку не се здружат и не ги пратат стандардите за квалитет на млекото.
„Клучни проблеми на кои треба да се работи се: фармерите кои ќе се одлучат да егзистираат со производство на млеко првенствено треба да имаат на располагање земјиште за производство на храна по грло добиток, затоа што храната најмногу влијае на крајниот производ. Примена на техничко –технолошки достигнување за одржување на квалитет на млекото и доколку одлучат да бидат земјоделците мали по обем неминовно е нивно здружување за да опстојат на пазарот. За млекопроизводителите претставува голем проблем неорганизираноста во делот на лабораториските испитувања за хигиена на млекото" -вели Секуловски.
Проблемот со квалитетот на млеко во Франција се појави пред 40 години и е надминат, според француските експерти и Македониа треба да работи за надминување на овој проблем за да се добие конкурентен производ на пазарот. „Не се работи директно да се пренесат методите од Нормандија туку да се изнајдат начини согледани директно на терен како да се подобри квалитетот на млекото.", -  вели Жулиен Кардертехничар за млекопроизводство од АФДИ.
Во рамките на Федерацијата на фармерите формирана е и потсекторкса група за млекопроизводство каде што се спроведуваат активности за подигање на квалитет на млекото и активно учество имаат производтели, млекари, институции, експерти и вклучување на меѓународно искуство како што е и оваа соработка со АФДИ, како претставници на француските млекорпоизводители.

 

Macedonian
10.08.2012

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“