Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Македонска делегација за култура во посета на Долна Нормандија

Printer-friendly versionSend to friend

Во рамките оската за „Културни политики„ во периодот од 26-ти до 30-ти јуни  2012 година, се реализираше официјална работна посета на неколку општини и културни институции од областа на заливот Мон Сен Мишел.  Основна цел на оваа работна посета беше да се размени знаење и добра практика во локалното владеење (самоуправува) на општините и во работењето на јавните културни институции од двете територии, со фокус на работата и организацијата на културниот сектор и неговата интерсекторска соработка со секторот за турузам, согласно постоечките јавни политики и програми. Делацијата беше составена од претставници на општините Кривогаштани и Ресен од Пелагонискиот регион и Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

За време на посетата се реализираа состаноци со претставници на: одделенијата за култура, едукација, млади, спорт и туризам од областа на заливот Мон Сен Мишел; неколку општини (заедницата на општини Сен Жам, заедницата на општини на Пеи на Гренвил, здружените општини Изињи-ле-Буа)  и културни институции (Регионалното Relais Culturel во градот Дисе и Националниот центар за циркуска уметност - La Brèche) Споменатите општини и институции, меѓу другите ќе бидат вклучени во работата која ќе започне на оваа територија во 2013, во рамките на програмата за децентрализирана соработка, посветена на развој на територијално специфична културна мрежа и стратегија за развој на културата, следејќи ја позитивната пракса и методологија која е веќе воспоставена во Пелагонискиот регион.  
 

Macedonian
06.07.2012

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“