Македонска делегација за култура во посета на Долна Нормандија
Во рамките оската за „Културни политики„ во периодот од 26-ти до 30-ти јуни 2012 година, се реализираше официјална работна посета на неколку општини и културни институции од областа на заливот Мон Сен Мишел. Основна цел на оваа работна посета беше да се размени знаење и добра практика во локалното владеење (самоуправува) на општините и во работењето на јавните културни институции од двете територии, со фокус на работата и организацијата на културниот сектор и неговата интерсекторска соработка со секторот за турузам, согласно постоечките јавни политики и програми. Делацијата беше составена од претставници на општините Кривогаштани и Ресен од Пелагонискиот регион и Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.
За време на посетата се реализираа состаноци со претставници на: одделенијата за култура, едукација, млади, спорт и туризам од областа на заливот Мон Сен Мишел; неколку општини (заедницата на општини Сен Жам, заедницата на општини на Пеи на Гренвил, здружените општини Изињи-ле-Буа) и културни институции (Регионалното Relais Culturel во градот Дисе и Националниот центар за циркуска уметност - La Brèche) Споменатите општини и институции, меѓу другите ќе бидат вклучени во работата која ќе започне на оваа територија во 2013, во рамките на програмата за децентрализирана соработка, посветена на развој на територијално специфична културна мрежа и стратегија за развој на културата, следејќи ја позитивната пракса и методологија која е веќе воспоставена во Пелагонискиот регион.