Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Децентрализираната соработка Долна Нормандија / Македонија претставена на универзитетот ФОН во Скопје

Printer-friendly versionSend to friend
Студентите на универзитетот ФОН – Факултет за социјални науки во Македонија, имаа можност да дознаат повеќе за децентрализираната соработка. На 16 мај 2012 година, во просториите на универзитетот во Скопје, петнаесетина студенти од прва и втора година при катедрата на Факултетот за применети странски јазици, присуствуваа на презентација на соработката, претставена од лицето одговорно за комуникации на проектот, Сања Трпковска.
 
За време на претставувањето, студентите покажаа голем интерес за концептот на соработката, особено за оските Дигитални технологии и Млади. За нив беше интересен и профилот на експерти и партнери кои учествуваат во проектот. Имено, студентите не беа запознаени со фактот дека уметници, земјоделци или архитекти исто така се дел од децентрализираната соработка, што за нив беше големо изненадување. Динамиката на партнерите и работата во тандеми беше особено привлечна за нив бидејќи токму преку нивните активности се остваруваат целите на програмата, кои придонесуваат за отворање на двете територии кон Европа и светот. Охрабрени од профилите и работата на владините и невладините структури, студентите, коишто потекнуваат од различни македонски региони, покажаа особен интерес за волонтирање кај партнерите од соработката.
 
Двојазичната презентација заврши со надеж за остварување на идни средби и деканот на Факултетот за применети странски јазици, госпоѓа Ана Лазарова Никовска и професорката по француски јазик, госпоѓица Наташа Алексоска, којашто впрочем ја организираше средбата помеѓу младите студенти и канцеларијата на децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија, ја искажаа својата благодарност кон тимот на програмата.
Macedonian
16.05.2012

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“