Средишен управен одбор во Македонија
![Printer-friendly version Printer-friendly version](../../sites/all/modules/print/icons/print_icon.gif)
![Send to friend Send to friend](../../sites/all/modules/print/icons/mail_icon.gif)
![](../../sites/default/files/styles/article_banner/public/field/image/copil_ohrid.jpg)
Средишниот управен одбор за македонските партнери во рамките на децентрализираната соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија ќе се одржи на 4 април 2012 година, во просториите на општина Велес. Општина Велес неодамна беше домаќин на конференцијата за попис на културно наследство во рамките на третата оската на соработката.
Како и секоја година, средишниот управен одбор е одлична можност за средба и разговор меѓу партнерите на полугодието од тековната година. Партнерите ќе разговараат за предвидените активности, настаните и целите во петтата година на соработката.
Г-ѓа Надеж Леклуз, раководител на сектор за меѓународна соработка и мобилност при Регионалниот совет на Долна Нормандија, ќе го отвори состанокот во Велес и ќе ги претстави заклучоците од средишниот управен одбор на француските партнери, кој се одржа на 20 март 2012, во Каен.
Macedonian
02.04.2012