Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Средишен управен одбор во Каен

Printer-friendly versionSend to friend
Средишниот управен одбор за француските партнери се одржа во Каен, на 20 март 2012 година, во просторите на Регионалниот Совет на Долна Нормандија. Полугодишниот состанок го отвори г-ѓа Сабин Гише Лебаји, раководител на одделение при Регионалниот Совет на Долна Нормандија. Таа ја истакна важноста на билатералната соработка за развојот на Регионот Долна Нормандија, но и за Република Македонија.
Благодарение на презентацијата за меѓуетничките односи во Македонија, претставена од страна на г-ѓа Билјана Зашова, управител на подружницата на АЛДА, француските партнери имаа можност подобро да се запознаат со македонското мултиетничко општество.
Според предвидената програма на средбата, партнерите имаа можност да дискутираат за административните и финансиските ставки во соработката, како и за реализацијата на активностите предвидени за оваа година.
 
Во однос на комуникацијата, на партнерите им беше претставена новата интернет страна и новото лого на децентрализираната соработка. Воедно се зборуваше и за важноста на визуелниот идентитет за внатрешната и надворешната комуникација.
 
Како дел од предвидените активности за оваа година, учесниците имаа можност да дознаат повеќе за официјалната посета во јули која ќе ја предводи г. Лоран Бове, Претседател на Регионот Долна Нормандија. Делегацијата ќе има можност да присуствува и на фестивалот на француски филм, кој секоја година традиционално се во Охрид, а е финансиски поддржан од страна на Регионот Долна Нормандија.
 
Следен предизвик за соработката е новото триенале на соработката кое ќе биде претставено во 2013 година.

 

Macedonian
21.03.2012

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“