Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Регионот Долна Нормандија присутен на Управниот одбор на мрежата Франција – Балкан

Printer-friendly versionSend to friend
Годишниот управен одбор на мрежата Франција – Балкан се одржа на 24 јануари 2012 година во Комитетот на регионите во Брисел. Француските партнери имаа можност да разговараат за неодамнешната одлука на Регионалниот совет на Оверњ со која диригентската палка премина на Областа Виши Оверњ.
Регионалниот совет на Долна Нормандија, претставен од г-ца Надеж Леклуз, раководител на секторот за меѓународна соработка и мобилност, ја потврди својата ангажираност во мрежата Франција – Балкан. Со поддршка на Регионалниот совет на Долна Нормандија, во мај 2012 година е предвиден вториот семинар за медиуми, нови технологии и заштита на приватноста. Регионот Долна Нормандија во соработка со Меѓународниот институт за човекови права и мир од Каен и фондацијата Метаморфозис од Македонија, ќе го организира овој семинар во Скопје. Овој настан е предвиден во активностите на Франција – Балкан за 2012 година. Овие активности опфаќаат области како што се туризам, теренски активности, управување со вода, нови технологии и човекови права.
 
Партнерите ја обновија нивната ангажираност во активностите во мрежата и решија да ја отворат мрежата Франција – Балканот, кон повеќе француски партнери, како и други европски партнери. Програмата за децентрализирана соработка, единствена од ваков вид, е започната во 2009 година и во тек е нејзино обновување. Финансиски подржана од Министерството за надворешни и европски работи на Република Франција, соработката има за цел да ги зајакне веќе остварените билатерални односи меѓу француските и балканските локални единици преку мултилатерална соработка меѓу Франција и Балканот. Асоцијацијата на агенции за локална демократија – АЛДА ја координира мрежата Франција/Балкан уште од нејзините почетоци.
 

Повеќе информации за овој настан, можете да најдете на страницата на АЛДА.

Macedonian
24.01.2012

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“