Регионален совет на Долна Нормандија
АДМИНИСТРАТИВНА ОРГАНИЗАЦИЈА
Актуелната регионална поделба во Франција датира од 1956 год. Регионот Долна Нормандија започнува со активности во 1961 год. на почетокот е сместен во префектурата на Калвадос, во Куќата на Регионите, се до трансформацијата во Регионална јавна институција во 1974 год. состанувајќи се со своите избрани членови во опатијата на мажите (Abbaye aux Hommes). Регионалниот совет, добивајќи статус на територијална единица со законот од 1982 год, се вселува во опатијата на жените (Abbaye aux Dames).
Регионално собрание
Собранието на регионалниот совет е одлучувачко тело на регионот Долна Нормандија и е составено од 47 регионални советници, избрани за 4 години на гласачка листа во два круга, без додавање ни одземање на имињата и без промени на редот на претставување. Наредните избори ќе се одржат во 2014 год.
На чело на овој извршен одбор е Претседател избран од страна на регионалните советници за времетраење на мандатот. Тој е на чело на собранието и ги води расправите, ја одредува регионалната политика, ги спроведува донесените одлуки, ги одобрува финансиите, ја одредува хиерархиската поставеност во Регионот, го претставува Регионот во односите со државата и другите територијални единици.
За организирање на своите активности, Собранието на Регионалниот совет се потпира на постојаната комисија, составена од Претседателот на регионот, на 11 заменици на претседателот и на 21 член кои обезбедуваат континуираност во работењето меѓу две пленарни седници. Комисијата се состанува еднаш месечно за извршување на обврските доделени од страна на Регионалниот совет.
Советодавни комисии, како постојани работни групи, се формирани за да ги проучуваат документите, во поглед на подготвување на одлуките за различните активности и финансии.
Претседател на Регионалниот совет на Долна Нормандија е Лорен Бове (Laurent Beauvais) од април 2008 год. Тој припаѓа на Социјалистичката партија.
Области на дејствување
Регионот Долна Нормандија дејствува во следниве области:
1. Економски развој
Во оваа област Регионот ја има улогата на координатор:
- директна помош ( субвенции за регионални вработувања, создавање на претпријатија, и кредити со ниска стапка)
- индиректна помош (гаранции за заем на претпријатијата, ослободување од данок)
- изработка на експериментална регионална шема за економски развој за 5 години
2. Територијално уредување и планирање
3. Образование и професионални обуки
4. Култура
5. Здравје :
- учество во планот „Болници 2007“
- активности во делот на вакцинација, борба против туберкулоза, лепра, сида и полово преносливи болести
- четиригодишно експериментално учество во финансирање на здравствена опрема
6. Животна средина и одржлив развој
Регионот Долна Нормандија дејствува и надвор од своите законски овластувања во областа на морската животна средина, заштеда на енергија, развој на обновливи енергии, вреднување на културно наследство, заштита од природни незгоди и одржлив развој.
МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
Регионот Долна Нормандија развива амбициозна меѓународна политика преку повеќе соработки. Соработувајќи со соодветни актери, меѓународните размени на Регионот Долна Нормандија:
• го поттикнуваат извоз
• меѓународна отвореност
• ги олеснуваат договорите за меѓу универзитетска соработка
• обезбедуваат промоција на Долна Нормандија
Сите овие постапки се поврзани со предизвиците за иновативност на Европската Унија:
• зајакнување на меѓународните економски соработки
• вреднување на конкуренцијата
• вмрежување на истражувачите
• мобилност на младите
Со меѓународната соработка се поврзуваат Универзитетите и институциите за високо образование, стопански комори итн.
Регионот Долна Нормандија ја подржува и поттикнува младинската мобилност и ја крева граѓанската свест за својата политика за помош на развојот.
За повеќе информации посетете ја страната на Регионалниот совет.
ДОЛНА НОРМАНДИЈА И ЕУ
Регионот Долна Нормандија има за цел да стане водечки мотор на европската сцена. Во Брисел, во срцето на активностите на заедницата, Регионот Долна Нормандија има своја канцеларија. Канцеларијата во Брисел е вистински посредник меѓу актерите од Долна Нормандија и европските институции. Регионалната екипа во Брисел е директно информирана за европските случувања.
За повеќе информации посетете ја страната на Регионалниот совет.
Извор :интернет страната на Регионалниот совет на Долна Нормандија.
Macedonian