Децентрализација во Франција
Политичко и административно организирање на Франција
1. Извршната власт е поделена помеѓу Претседателот на Републиката и Премиерот и неговата влада.
2. Законодавната власт е претставена со Парламентот составен од Националното собрание и Сенатот.
3. Судската власт е обезбедена преку правосудството, кое е независно од другите две власти.
Локално административно организирање
Локалнотo административно организирање на Франција се карактеризира со подредување на административните нивоа и големиот број на локалните заедници претставени преку : општина, департман и регион.
На овие три нивоа се додаваат структурите на меѓуопштинската соработка. Локалните заедници се автономни во финансиски и правен поглед и нема хиерархија помеѓу нив.
Општина
Најмалите административни делови но, исто така и најстарите, зашто се настанати од градовите и парохиите од Средниот век, се воспоставени во 1789 година пред да се знае за почетокот на автономноста на законот од 5 април 1884 година, вистинската повелба на општините.
Општината е управувана од страна на општинскиот совет, избран на директни општи избори на секои 6 години.
Еднаш избраните општински советници избираат градоначалник меѓу нив. Тој ја претставува извршната власт на општината, а со тоа и го управува буџетот. Градоначалникот ги има следниве одговорности:
- училишта ;
- урбанизам ;
- социјални активности ;
- патишта ;
- школски превоз ;
- собирање на отпадоците ;
- чистење. Тој е исто така државен службеник за функционирањето на граѓаните, јавниот ред, организирањето на избори и испраќање на уредувачки документи.
Денес, можат да се избројат 36.778 општини (од кои 162 се во департманите и прекуморските територии).
Департман
Креација на Револуцијата, департманот станува автономна локална заедница, со заседавачко собрание и извршен одбор, од законот од 10 август 1871.
Управуван е од Совет избран за 6 години на општи избори, кој избира свој претседател, извршна власт за департманот, кој подготвува и извршува наредби од советот, раководи со буџетот и управува со службениците.
Департманот има повеќе одговорности:
- социјална грижа
- конструкција и одржување на колеџите
- руралните средини
- организирање на школски превоз...
Постојат 100 департмани (од кои 4 прекуморски).
Регион
Најпознатата структура кај француската локална администрација, регионот стана територијална заедница како продолжение на законите за децентрализација, од 16 март 1986 година, датум на првите избори на локалните советници избрани за 6 години на општи избори; нивното постоење е поставено со државната ревизија од 28 март 2003.
Регионалните советници бираат претседател од регионалниот совет кој управува со буџетот, управува со службениците и ја води политиката на регионот поставена врз економската ситуација, уредување на територијата и професионалната обука. Во Франција има 26 региони од кои 4 се прекуокеански.
Територијална реформа
Во почетокот на 2009 година се јави потреба за обновување на локалната администрација, која постоеше како таква од почетокот на децентрализацијата, скоро 30 години. На 21 октомври, Министерот за внатрешни работи, за преку-океански и локални единци претстави пред советот на Министри три предлог закони за реформи. По разгледувањето од страна на Парламентот од средината на декември 2009 година, реформата беше усвоена во јуни 2010 година.
Содржина на реформата
Реформата се состои од :
- Предлог закон за реформи на локалната самоуправа;
- Предлог закон за избор на општински советници и јакнење на локалната демократија;
- Предлог закон за организирање на истовремено обновување на регионалните и општинските советници;
- Предлог закон за избор на членови на советот на локални единици и јавни претпријатија за меѓу општинска соработка;
Предлог законот за реформи содржи четири основни цели:
- Реорганизација на локалните единици околу два столба: департман – регион и општина – меѓу општинска соработка;
- Поедноставување на институционалната слика, комплетирање на покриеноста на меѓу националната територија, проширување на рамката на меѓу општинска соработка, промовирање на доброволното групирање на заедниците и отстранување на нивото кое е вишок;
- Создавање на метрополи преку нова прифатена институционална рака за големите агломерации;
- Појаснување на надлежностите на различни нивоа на локална самоуправа и начинот на кофинансирање
За повеќе информации можете да ги преземете следниве документи на француски јазик:
▪ Réforme des collectivités territoriales : le guide pratique (Реформа на единиците за локална самоуправа: практичен водич)
▪ La réforme des collectivités territoriales : présentation générale de la loi (Реформа на единиците за локална самоуправа: презентација на законот)
Извори:
Јавен живот: http://www.vie-publique.fr
Министерство за внатрешни работи: http://www.interieur.gouv.fr/sections/reforme-collectivites/actualites/g...