Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Четврта година од децентрализираната соработка: размена на идеи за зајакнување на регионалниот развој и меѓу-културното разбирање

Printer-friendly versionSend to friend

Децентрализирана соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија – Управен Одбор во Охрид (МК), 12-15 септември 2011 година

Годишниот Управен одбор на соработката помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија се одржа од 12 до 15 септември во Охрид. Овој годишен состанок на македонските и француските партнери беше прилика да оценат постигнатите резултати од четвртата година од соработката, како и да се размисли за следни активности.

За време на ова работна средба, партнерите и координаторите ги анализираа активностите по оски. Исто така, ја разгледаа можноста да аплицираат за европски проекти, како и да работат заеднички за создавање на лоби кои би ги застапувало интересите на соработката пред европските институции. Приоритети на соработката остануваат поддршка на регионалниот и локалниот развој, проширување на партнерствата со земји од Балканот и Кавказот. Нов приоритет за оваа година е економскиот развој на кој ќе се фокусираат сите партнери во нивните активности.

Macedonian
15.09.2011

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“