Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Делегација од областа на заливот Мон Сен Мишел во официјална посета на регионот Пелагонија

Printer-friendly versionSend to friend
Делегација од областа на заливот Мон Сен Мишел беше во официјална посета на регионот Пелагонија од 16 до 18 септември.
 
Се реализираа работни средби на претставници на Мешаниот синдикат на областа на заливот Мон Сен Мишел со претставници на општини (градоначалници и советници) и културни институции од регионот Пелагонија.
 
Мешаниот синдикат на областа на заливот Мон Сен Мишел има повеќегодишна соработка со регионот Пелагонија, меѓу другото работеа на Стратегијата за културен развој на Пелагонискиот плански регион 2013/2016 во соработка со Локомотива.
 
Меѓу претставницита од Мешаниот синдикат на областа на заливот Мон Сен Мишел присуствување госпоѓа Катрин Бруно Рин, градоначалник на заедницата Жене, заменик-претседател на заедницата на заедници Авранш-Мон Сен Мишел - одговорна за туризам, заменик претседател на Mешаниот синдикат на областа на заливот Мон Сен Мишел - одговорна за туризам. Целта на оваа посета беше да се конкретизира План на активности за 2015 година кои двете територии взаемно ќе го спроведуваат. Темите на кои што ќе работат се културното наследство и развојот на културен туризам во активностите ќе биде вклучено и локалното население. Главните одлики на оваа соработка остануваат размената на експертиза и заедничкото проучување.
 
Посетата беше организирана од страна на Локомотива - Центар за нови инцијативи во уметноста и културата која има долгогодишна соработка со Мешаниот синдикат на областа на заливот Мон Сен Мишел во рамки на децентрализираната соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија. Оваа година, трите екипи работат на проектот „Музеј на женски приказни“ кој се стреми да ги ретрасира важните настани за жените на територијата на Македонија во првата половина на 20 век.
 
Можете да ги погледнете телевизиските прилози за нивната средба на ТВ Тера и ТВ Орбис од Битола.
Macedonian
19.09.2014

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“