Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Универзитетот на мирот 2014 во Каен : незаборавно искуство за младите учесници

Printer-friendly versionSend to friend
Оваа година Македонија се претстави на Универзитетот на мирот со 7 учесници, 2 говорници и 1 македонски филм
 
Универзитетот на мирот 2014 организиран од страна на Институтот за човекови права и мир во Каен поттикна богати дебати и размени.
Седумте учесници од Македонија се вратија полни со импресии и збогатени со нови знаења. За време на предавањата на темата „Да се бориме за слобода“ учесниците имаа прилика да споделат мислења околу оваа полемика и да ги изнесат своите познавања. Тие беа особено задоволни од можноста да ги слушнат различни гледишта на оваа тема благодарејќи на контактот со млади од различни култури. „Нема да ги заборавам моментите и контактите што ги споделив со прекрасните луѓе од Африка, Мароко, Канада и Русија. Можноста да ги запознаам ми значеше многу и ми расчисти многу дилеми.“ вели Мајда Тодороска, учесничка од Македонија. Маја Тишовска се надоврзува на тоа чувство „Започнувате со откривањето на различни култури, потоа ви станува јасно дека без оглед на разликите, светот не соединува сите на еден или друг начин.“
 
Адријана Ананиева вели: „Целокупниот впечаток од Универзитетот на човекови права и мир е многу позитивен, става акцент на трудот кој треба да се вложи сега и во иднина за да направиме поубав свет. Пораката на директорот на Институтот на Каен, господин Себастијан Ботро Бонтер на крајот на нашиот престој за време на средбата со градоначалникот на Каен беше многу јасна. Треба да бидеме силни и да се изјасниме како поединци и како група, да размислуваме индивидуално и политички да се  ангажираме колку што можеме и каде што можеме.“ На учесниците им претстави исто така големо задовоство што имаа можност да ги приложат нивните заеднички трудови во општината на Каен.
 
За крај, учесниците додадоа дека посетите во Музејот – Меморијал на Каен како и Мон Сен Мишел навистина ја збогатиле нивната посета. Универзитетот на мирот 2014 е искуство кое што нема да го заброават.
 
Македонија имаше исто така претставник и меѓу говорниците на Универзитетот на мирот, г. Јон Ивановски, поранешен амбасадор на Македонија во Париз. „Да се начнат прашањата за Човекови права кои се сами по себе мошне комплексни во еден интеркултурен и образовен амбиент е многу важна иницијатива за младите. Полемиката дава простор за дебата и го отвора патот кон прогресот кој треба да биде поддржан од идните генерации. Многу сум задоволен од разговорите и размените со другите говорници како и помеѓу учесниците за време на предавањето и сигурен  сум дека ова искуство беше впечатливо за сите нас.“ рече г. Ивановски.
 
Оваа година Универзитетот на мирот беше исто така посветен и на 70 годишнината од Истоварувањето во Долна Нормандија од страна на сојузничките сили. Имаше предавања кои говореа за значењето на Истоварувањето тогаш и сега. Предвањата беа исто така добра прилика да се претстави кртакометражниот документарен филм за војникот Панде Матевски од Битола кој се бореше и загина на плажите во Долна Нормандија од страната на сојузничките сили. „Оваа несекојдневна приказна им значеше многу на жителите на Битола, кои беа многу горди на придонесот на нивниот сонародник во создавањето на Светската историја“ објасни Ивана Димитровска, шеф на канцеларијата на соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија во Скопје по завршувањето на проекцијата. „Нашата соработка работи на прашањата на сеќавање, но не за да промовира личности или историски факти, туку за да поттикне размислување за мир и помирување“ додаде г-ѓа Димитровска.
 
Децентрализираната соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија и Француската амбасада го поддржаа учеството на млади Македонци на Универзитетот на мирот во рамки на активностите за промоција на човекови права, мир и помирување.   

 

Macedonian
25.07.2014

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“