Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Музичкото патување на Баруф Оркестар низ Македонија завршува

Printer-friendly versionSend to friend
Баруф Оркестар, невообичаената група музичари која доаѓа од Долна Нормандија а, се препознава во музичката традиција на Централна и Источна Европа, го заврши своето музичко патување низ градовите на Македонија. Нивната последна авантура беше изведбата во Могила на 8ми мај.
 
Баруф Оркестар ја започна својата мала турнеја на 28ми април во Скопје каде одржа свирка во старата чаршија и ја размрда бројната публика која беше нетрпелива да слушне и да дознае повеќе. Потоа, продложија кон античкиот град Охрид каде имаа проби крај езеро и одржаа концерт во културниот центар на Охрид во присуство на голем број млади ентузијасти и претставници на оптштината. По Охрид дојде редот на Битола, групата имаше улична изведба пред Јени џамија, каде по случајност еден млад кларинетист кој беше дојден да ги слуша, им се придружи во музиката. Баруф Оркестар заврши со изведба во општина Могила каде традиционалните звуци од Балканот го воодушеви локалното население.
Благодарејќи на оваа посета во Македонија, Баруф Оркестар го збогати својот репертоар со традиционална македонска музика преку размени со локални музичари. Преку таа соработка групата ќе може да ја продолжи својата авантура и да ја постигне својата цел – ширење на музичкото културно наследство кое потекнува од Балканот во Долна Нормандија. Со таа цел, неколку концерти се предвидени во Долна Нормандија во текот на месец мај, меѓу кои фестивалот „Jazz sous les pommiers“ на 24ти мај.
 
Проектот на Баруф Оркестар за музички размени и ширење на музичкото културно наследство на Централна и Источна Европа во рамки на децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија се одвива со поддршката и ангажманот на партнери од двете територии: Францускиот Институт од Париз, Конзерваториумот од Каен, организацијата Балкан-Транзит, Европската куќа од Каен - Долна Нормандија, дувачкиот оркестар Блезери под покровителство на Аларм од Скопје, организацијата Локомотива, општина Могила, Младинскиот Културен Центар од Битола и Младинскиот Совет од Охрид.
 
За да ги следите активностите на Баруф Оркестар посетете ја нивната фејсбук страница  - https://www.facebook.com/LeBaroufOrkestar
Macedonian
09.05.2014

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“