Фондацијата Метаморфозис заедно со Меѓународниот институт за човекови права и мир од Долна Нормандија изработија анкета со цел да се запознаат условите за користење на интернетот и социјалните мрежи.
Анкетата претставува прва етапа од овој голем проект кој има за цел создавање на педагошка книга. Првиот нацрт од книгата ќе биде објавен во септември 2013. Книгата ќе биде наменета за младите лидери на возраст од 17 до 25 години кои работат во областа за заштита на приватноста и слобода на изразување на интернет.