Центар за институционален развој - ЦИРа
КОНТАКТ
• Име на организацијата: Центар за институционален развој - ЦИРа
• Адреса : Диме Аничин, бр. 9, 1000 Скопје
• Телефон/факс : +389 2 3114 855
• Интернет страница : www.cira.org.mk
• Лице за контакт : Зоран Стојковски
• E-mail : zorans@cira.org.mk
ИСТОРИЈАТ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Центарот за институционален развој – ЦИРа е независна граѓанска организација создадена во септември 2003 година од страна на локалниот персонал на програмата на USAID за демократска соработка (ДемНет) во Македонија за развој на граѓанското општество во Македонија. Во периодот меѓу 1995 и 2004 година, програмата додели субвенции на повеќе од 300 невладини организации и финансиски поддржа 374 проекти од разни области.
Силната страна на ЦИРа, развиена во минатото и потврдена во пракса, е стратегијата и пристапот за изнаоѓање одржливи решенија за предизвиците со кои се соочуваат повеќе организации, институции, заедници и општеството.
Во поглед на локалниот развој, ЦИРа разви повеќе акциони планови кои беа спроведени во повеќе од 25 општини низ Македонија со цел да се зголеми учеството на граѓаните на локално ниво.
ВИЗИЈА/МИСИЈА
Мисијата на Центарот за институционален развој – ЦИРа е да се зајакнат капацитетите на граѓанското општество и локалните заедници за да се постигнат видливи промени во заедницата.
ЦИРа се стреми да ја постигне оваа цел преку зајакнување на капацитетите на организациите, преку поддршката што ја нуди за субвенции, промоција на јавното учество и мобилизирање на локални ресурси за решавање на локалните прашања на општинско ниво.
ЦЕЛИ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
1. Да се постигне одржлив развој на граѓанското општество, владиниот и бизнис секторот преку :
- програми за субвенционирање на граѓанското општество,
- зајакнување на капацитетите на организациите на граѓанското општество,
- иницијативи за развој на граѓанското општество,
- развој на капацитетите на вработените во јавната администрација и програми за зајакнување на јавните и приватните институции на локално и централно ниво,
- развој на капацитетите на претпријатијата во Македонија,
- развој на концептот за социјално претприемништво.
2. Филантропија и развој на општествена одговорност на претпријатијата преку:
- развој на општествената одговорност на претпријатијата,
- развој на индивидуалната филантропија,
- поддршка на организациите и институциите за мобилизирање на ресурсите од локалните извори,
- подобрување на законодавството кое се однесува на развојот на филантропијата.
3. Развој на локалните заедници преку:
- интегриран развој на локалните заедници,
- зголемување на учеството на граѓаните во развојот на општините во различни области,
- развој на локалните капацитети за поддршка на процесот за децентрализација.
ГЛАВНИ АКТИВНОСТИ
ЦИРа игра активна улога во регионалните мрежи во земјите од западен Балкан со цел да ја промовира улогата на граѓанското општество во процесот на интеграција во Европската унија, но исто така да ја промовира и активната регионална соработка.
ЦИРа е основач и член на повеќе мрежи во Македонија и југоисточна Европа како: Граѓанска платформа на Македонија, Коалиција за регионална соработка и интеграција во Европска унија (која здружува 8 земји од Балканот), „SEE Indigenous Grant-makers Network“ (SIGN) мрежа на локални фондации и организации за поддршка кои работат на развој и промоција на филантропијата, Социјално претприемништво и развој на заедницата (кое покрива 7 балкански земји).
ЦИРа е исто така член на мрежата на лидери на граѓанското општество од Лондон, Велика Британија и Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА) од Стразбур, Франција.
ЦИРа е исто така нуди услуги за зајакнување на капацитетите во регионот на западен Балкан особено во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Косово и Албанија во соработка со други програми како УНДП.
Macedonian