Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Француските земјоделци во работна посета на Македонија

Printer-friendly versionSend to friend
По повод „Балканската конференција за управување со кооперативите во услови на пазарна економија“, во периодот од 27ми февруари до 4ти март, во Македонија ќе престојува француската делегација на фармери, во рамките на оската развој на земјоделството.
Г. Ришар Демуник (Richard Demuynck), претседател на организацијата во Горна Нормандија и г-ѓата Одил Лебарбеншон (Odile Lebarbenchon), администратор на кооперативата за откуп и трансформација на млеко – CUMA, претставници на Меѓународната организација за развој на земјоделството (АФДИ), за време на посетата ќе остварат голем број на работни средби. Покрај учеството на Балканската конференција на 28ми февруари во Скопје, каде што ќе ги презентираат своите искуства од работата со земјоделските кооперативи, делегацијата ќе ги посети и работните групи на фармери во Берово и Куманово.
Оваа посета воедно го означува и почетокот на втората година од  соработката помеѓу ФФРМ и АФДИ. Покрај работата со кооперативите, особено внимание ќе биде посветено на подобрување на хигиената и квалитетот на млекото на фармите во Република Македонија.
 
Повеќе информации за посетата можете да пронајдете тука.
Macedonian
24.02.2012

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“