Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Форум за дигитален туризам во Долна Нормандија

Printer-friendly versionSend to friend
Во Довил (Deauville), во Франција на 27 и 28 март 2014 година се одржа Форум за дигитален туризам. По тој повод голем број чинители од областа на туризмот имаа шанса да ги понудат новите практики и начини на работа, кои би им овозможиле зголемена ефикасност и чекор со технологијата. На форумот беа присутни најдобрите експерти од оваа област.
Денес, користењето на нови технологии во многуте полиња на туристичката економија е неизбежно. Особено сега, во пресрет на големиот број на настани предвидени за 2014 година, кога очите на светот ќе бидат вперени токму на Долна Нормандија, територијата мора да биде иновативна со цел да одговори на барањата на посетителите, но и да ја претстави на светот својата способност за иновација, односно модернизација.
Денешната туристичка економија во голем дел е инвестирана во новите технологии, додека туристите, во своите посети, стануваат сè пољубопитни за новите начини на откривање на дестинациите.
 
Фотографија: Регион Долна Нормандија
Macedonian
31.03.2014
www.region-basse-normandie.fr

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“