Формирање на регионална културна мрежа во Пелагонискиот регион
По успешната реализација на работилницата во Битола за “Управување со проектен циклус и стратешко планирање” која се одржи од 7-ми до 10-ти мај како дел од активностите на програмата за децентрализирана соработка, следната активност која се реализираше на територијата на Пелагонискиот регион беше одржување на состанок за формирање на регионална културна мрежа. Состанокот се одржи во хотел Милениум во Битола, овој петок, 13 јули 2012 година со учество на претставници на јавни културни институции, лица одговорни за култура од сите девет општини во Пелагонија, претставници на невладиниот сектор и независни уметници.
Состанокот овозможи дефинирање на целите, приниципите на работа и начинот на управување, донесување одлуки во мрежата, формирање на координативно тело, модели и содржини на регионална меѓу-општинска и меѓу-институционална соработка. Во Р.Македонија за прв пат се формира ваква мрежа која има за цел преку вмрежување и стратешка соработка во доменот на културата да се придонесе кон подобар и рамномерен регионален развој.