Учениците од Берово и Ливаро се запознаа по пат на видео-конференција
Остварена првата видео-конференциска врска помеѓу учениците од Општина Берово (MK) и Општина Ливаро (ФР) | Како резултат на соработката на градовите во рамките на децентрализираната соработка меѓу Регионот Долна Нормандија и Македонија, учениците од македонската општина Берово се запознаа со учениците од општината Ливаро од Долна Нормандија, по пат на видео-конференција. Успешната соработката на овие две општини, веќе неколку години, се одвива по пат на размена и развој на искуствата со цел да се зајакне институционалната рамка на нивните активности.
Така, учениците на возраст од 11 и 12 години по пат на интернет и останатите средства за комуникација започнуваат да комуницираат по пат на е-допишување. Тие се сретнаа на 16ти април преку видео-конференција и на тој начин успеаја да се запознаат и со помош на своите наставници, да зборуваат меѓу себе. Комуникацијата меѓу учениците се одвива на француски јазик каде по пат на раскажување, опишување и презентирање подобро ќе се запознаат, но и ќе дознаат повеќе за земјите на своите другари.

Проектот за допишување на учениците од основните училишта од двете општини има долгорочни цели, преку кои тие во иднина би можеле да се сретнат и да престојуваат во семејствата во Берово и Ливаро.
Повеќе информации за одржаните средби можете да прочитате тука.
Macedonian
25.04.2013